Гремио е вториот финалист во Копа Либертадорес и за титулата ќе се бори против Ланус, кој ден претходно ја елиминира Ривер Плата.
Двократниот победник Гремио во полуфиналниот двомеч беше подобар од Барселона (Еквадор).
Бразилците изборија финале и покрај поразот на домашен терен. Реваншот Барселона го доби 1:0, со голот на Џонатан Алварез во 33 минута. Гремио ќе игра во финалето бидејќи на првиот меч славеше со 3:1.
Првиот финален меч ќе се одигра на 22 ноември, домаќин ќе биде Гремио, а реваншот во Аргентина е една недела подоцна.