Интер ја прифатиле понудата од Пари Сен-Жермен за Милан Шкринијар, но тој ќе остане на „Џузепе Меаца“ откако „нераѕурите“ не успеале да се договорат со Аталанта за Мерих Демирал, тврди „Спортиталија“.
Шкринијар веќе има пред-договор со францускиот клуб каде што ќе се приклучи на крајот на сезоната како слободен играч, но ПСЖ се обидуваа да го донесат во јануари со договор вреден 15 милиони евра. Меѓутоа, Интер не успеаја да најдат замена за него, откако Аталанта барале позајмица и обврска за купување за 25 милиони евра за Демирал, нешто што за нив било неприфатливо.
Интер сигурно ќе зажали што не го продаде Шкринијар за 65 милиони евра минатата сезона, кога ПСЖ имаше ваква понуда.