Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг одби да даде коментар на потенцијалното враќање во составот на Мејсон Гринвуд, откако сите обвиненија за обид за силување и напад беа отфрлени од страна на полицијата во Манчестер.
21-годишниот Гринвуд, кој произлезе од академијата на Јунајтед беше уапсен во јануари 2022 година откако го пријави неговата поранешна девојка, по што беше суспендиран од клубот. Јунајтед по неговото ослободување објавија дека нема да коментираат додека не спроведат „интерна истрага“
„Јас не можам да додадам ништо. Клубот направи објава и не можам да го коментирам процесот“, изјави Тен Хаг.
Бидејќи Гринвуд е во категоријата „под 21“ играчи во Премиерлигата, тој не мора да е регистриран во клубот, но се верува дека не е веројатно дека тој набргу ќе има камбек на фудбалските терени.