Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо вели дека вечните ривали на „ѓаволите“, Ливерпул се обидоа да ја „купат“ титулата од Премиер лигата.
Ливерпул потрошија 177 милиони фунти на нови играчи, носејќи ги Наби Кеита, Џердан Шаќири, Фабињо и Алисон, со што самиот менаџер Јирген Клоп призна дека ситуацијата се сменила од 2016 година кога Јунајтед го купија Погба, а Клоп изјави дека тој би го направил „тоа поинаку, и не би потрошил пари, дури и да ги имам“. Мурињо начека за одговор.
„Мислам дека Ливерпул се обидуваат да ја купат титулата. Кога кажувам купат, мислам ’купат’ со големи инвестиции во клубот. Челси имаат силен тим, Сити исто така. Тотенхем можеби направија најголема инвестиција бидејќи ги задржаа своите фудбалери. Ако ги загубеа Хери Кејн и Ериксон ќе имаа 200 милиони за трошење. Арсенал ќе бидат подобри и покрај слабиот прв меч. Не чека интересна сезона“, вели Мурињо.