Менаџерот на Челси, Греем Потер вели дека неговата позиција околу плановите за Европската Суперлига (ЕСЛ) нема да се променат дури и неговиот клуб да се приклучи на најавеното паралелно натпреварување.
Вчера, „А22 спортс менаџмент“, компанијата која беше формирана за да се спонзорира натпреварувањето најави ревидирани планови според кои 60-80 клубови од Европа би биле вклучени, нешто сосема поинакво од првичниот план со 12 елитни европски клубови. Додека беше менаџер на Брајтон, Потер беше против идејата во април 2021 и вели дека уште размислува исто.
„Мојата позиција не е сменета, дали во Премиерлигата, дали во Лигата на шампионите, работите треба да се добиваат според вашиот успех. Тој е истиот став од претходно. Тешко е да одговорам на хипотетичко прашање, но и Челси да се реши за таа лига, јас би бил против. Тоа е мојата позиција“, вели Потер.