Раководството на Лацио, наскоро ќе му понуди нов договор на Сергеј Милинковиќ-Савиќ. Италијанските медиуми објавија дека српскиот репрезентативец ќе добие годишна плата од три милиони евра.
СМС, во летниот преоден рок, беше еден од најбараните играчи на пазарот, меѓутоа никој од заинтересираните (Милан, Јувентус, Реал, Челси, Манчестер јунајтед) не сакаше да плати 120 милиони евра.
Во последните часови од преодниот рок се појави информација дека тој би можел да му биде отстапен на Милан за 40 милиони евра, но на крајот играчот реши да остане во Рим.
„Газета дело спорт“ пишува дека 23-годишниот Србин ќе го продолжи договорот до 2023 година, а платата ќе му биде речиси двојно зголемена, од 1,8 на три милиони евра.
Весникот шпекулира дека во договорот ќе има откупна клаузула во вредност од 150 милиони евра.