Иако призна дека бил исфрустриран што не беше стартер против Арсенал, Еден Азар вели дека Челси може „да направи нешто магично“ со новиот менаџер Маурицио Сари по возбудливата 3:2 победа над Арсенал.
Маркос Алонсо го постигна победничкиот гол на 9 минути пред крајот, откако Арсенал успеа да се врати од 2:0 негатива на стартот на мечот. Азар стартуваше од клупата, но беше асистент при победничкиот гол на Алонсо.
„Подобро е да се биде на теренот отколку на клупата, но момците играа добро и без мене, а кога ќе имам 15 или 20 минути сакам да го дадам максимумот. Мислам дека Сари е менаџер кој сака да ја контролира топката и не можам да кажам ништо лошо за тоа – и јас сакам топката да ми е во нозе. Имаме прекрасни фудбалери и можеме да направиме нешто магично. Добро е да имаш ваков менаџер“, објаснува Азар.