Top Sport

Галијани: Берлускони уште вели „ние“ кога зборува за Милан

Иако поминаа речиси шест години откако го продаде Милан, Силвио Берлускони уште е поврзан со „росонерите“ и се обраќа со „ние“ кога зборува за клубот, открива неговиот долгогодишен соработник, Адријано Галијани.

Берлускони и Галијани беа на чело на Милан од 1986 до 2017, освојувајќи 29 титули со клубот, пред да ја почнат новата фудбалска авантура со купувањето на Монца, и носејќи ги првпат во Серија А. Пред мечот на „Бриантео“ кога првпат Милан ќе гостува на Монца во официјален меч, Галијани ја објасни атмосферата.

„Кога се сретнав првпат со Силвио во 1979 година, ме научи дека секогаш треба да мислиш на големо. Тоа ми помогна многу во животот. Ако размислувате за скудетото тогаш можеби ќе избегнете испаѓање, ако зборувате за спас во лигата, тогаш ќе испаднете. Претседателот ќе дојде на мечот со Милан. Бев на ручек со него и вети дека ќе биде таму. Тој, исто како и јас, секогаш кога зборува за Милан, вели ‘ние’. Така што овој меч ќе биде помеѓу ‘нас’ и нас. Јас нема да се помрднам кој и да даде гол, како во првиот меч. Мојот фудбалски живот е Милан-Монца, ништо друго не е возможно. Не можев да одам во никој друг клуб, но тука сум дома и затоа ниту еден навивач на Милан не ме обвини за предавство“, вели Галијани.

Scroll to Top