Ливерпул се обидуваат да ги искористат проблемите на Мејсон Маунт при преговорите за нов договор со Челси, за да го донесат англискиот репрезентативец на „Енфилд“, тврди „Дејли мејл“.
Иднината на Маунт на „Стемфорд Бриџ“ е неизвесна откако тој не ги прифаќа условите за нов договор со „сините“. Тој сака тројно да ја зголеми својата неделна плата од 80.000 фунти, за да биде на ниво на најголемите ѕвезди и новите засилувања на клубот, но Челси не се подготвени да ги дадат тие пари.
24-годишниот Маунт има договор со клубот до летото 2024, така што ако не потпише нов договор, Челси би биле приморани да го продадат во текот на летото или да ризикуваат да си замине како слободен играч. Ливерпул, кои се очекува во текот на летото да инсистираат токму на засилувања на средниот ред би можеле да се вмешаат во ситуацијата.