Top Sport

Тулуз со победа ја зголеми кризата во Бордо (видео)

Тулуз со 2:1 го совлада тимот на Бордо во дербито на Гарона, за да ја зголеми кризата кај „жирондинците“, кои го суспендираа својот тренер Густаво Појет по драматичната прес-конференција минатата недела.

Со преодниот тренер Ерик Бедуе на клупата, Бордо беше „сенка“ во дуелот со ривалите од Тулуз, кои стигнаа до водство во 44. минута преку Исека. Франсоа Камано израмни во 50. минута, но младиот Матју Досеви го реши мечот во 67. минута. Покрај ова, Тулуз двапати го погодија дирекот.

Ова е втор пораз во низа на стартот на шампионатот за Бордо. Уругваецот Појет останува суспендиран откако ги „надминал границите“ на прес-конференцијата според зборовите на претседателот Стефан Мартин. Бордо му продаде играч „зад грб“ на Појет, и тој најверојатно ќе биде отпуштен една недела по крајот на суспензијата.

Бордо е петтиот француски клуб кој загуби во првите два натпревари оваа сезона по Анжер, Генгам, Амиен и Нант. Се верува дека клубот е на продажба.

https://topsport.mk/fudbal/bordo-go-otpushtija-pojet-mu-prodavale-fudbaler-bez-da-znae/
Scroll to Top