Рома успеа да извлече три поени на тешкото гостување кај Торино во својот прв меч во Серија А оваа сезона благодарение на фантастичниот гол на босанската гол-машина Един Џеко.
Домаќините имаа подобар почеток на мечот, меѓутоа прво Александар Коларов ја „закачи“ надворешната страна на дирекот во првото полувреме. Само неколку моменти подоцна, Един Џеко го погоди другиот дирек. Торино исто така имаше одлична шанса кога Томас Ринкон ја погоди пречката.
Џеко, конечно, ја затресе мрежата на Салваторе Сиригу во 89. минута, кога доби одлична топка во шестнаесетникот oд новото засилување на Рома, Јустин Клајверт и со силен волеј донесе три поени за „волчицата“.
Фото: ЕПА
Incredible guile from Justin Kluivert to create this goal from such tight marking but the finish from Dzeko is insane. What a player. pic.twitter.com/dlpdyMSVKT
— Para (@Paracelsus) August 19, 2018