Top Sport

Манчестер јунајтед нема да трошат многу, дури и да бидат купени од Катарците

Манчестер јунајтед не планираат да трошат екстравагантно во летниот преоден рок, дури и да се случи скапото преземање од катарскиот шеик, тврди „ЕСПН“.

Катарскиот банкар, Шеик Јасим Бин Хамад Ал-Тани во петокот потврди дека ќе се обиде да го купи клубот со ветување дека „ќе го врати на старата слава“ и се верува дека е подготвен веднаш да вложи пари во составот, но Јунајтед знаат дека мораат да бидат внимателни поради правилата за финансискиот ферплеј (ФФП). Иако во јануари се решија за само три позајмици (Џек Батленд, Вут Вегхорст и Марсел Забицер), минатото лето Ерик Тен Хаг потроши над 200 милиони фунти на засилувања.

Од клубот за „ЕСПН“ потврдуваат дека парите од комерцијалните права се стабилни, но дека поради тоа што минатата сезона клубот не влезе во Лигата на шампиони, приходот ќе биде намален.

Scroll to Top