Top Sport

Канте наскоро се враќа во Челси, ќе добие и продолжување на договорот

Н’Голо Канте е блиску до продолжување на договорот со Челси, како што се наближува времето кога би се вратил и во првиот состав на „сините“, јавува „Телеграф“.

Францускиот играч од средниот ред има договор само до крајот на сезоната и ќе може да си замине како слободен играч, но последните преговори со неговиот тим носат оптимизаам дека тој ќе остане на „Стемфорд Бриџ“ во клубот во кој ги освои сите можни трофеи (освен Карабао купот).

Канте е во аут од август по повредата на бутниот мускул на мечот со Тотенхем, но оваа недела се врати на тренинзите за првиот тим и се очекува дека ќе биде подготвен да се вратаи во првиот тим веќе во март.

Scroll to Top