Фудбалерот на Лестер, Вилфред Ендиди, потпишал шестгодишен договор, објави клубот на својата интернет страница.
Нигериецот минатата сезона ја предводеше Премиер лигата според бројот на одземени топки, поради што клубот реши да му ја зголеми платата и да го обврзе на подолга соработка.
Овој 21-годишен фудбалер, во јануари 2017 од Генк пристигна во редовите на Лестер и веднаш беше промовиран во наследник на Нголо Канте.
Втора сезона по ред Ендиди е прогласен за најдобар млад играч во тимот. Летово тој беше дел од репрезентацијата на Нигерија што настапи на Светското првенство во Русија.