Селтик со 2:1 го совлада својот лут градски ривал Ренџерс за по 21. пат да ја освојат титулата од Шкотскиот лига-куп и да докажат дека во моментов се најмоќниот клуб во Глазгов и во Шкотска.
Креатор на триумфот беше Јапонецот Кјого Фурухаши, кој го отвори резултатот во 44. минута, за во 56. минута да го удвои водството. Ренџерс не се предадоа и во 64. минута намалија на 2:1 преку Алфредо Морелос, но до крајот на мечот немаа сили за израмнување.