Хрватот Лука Модриќ (Реал Мадрид), Португалецот Кристијано Роналдо (Јувентус) и Египќанецот Мохамед Салах (Ливерпул) се номинирани за најдобри фудбалери според УЕФА за сезоната 2017/18. Изборото го направија тренерите на 80 клубови кои учествуваа во Лигата на шампионите (32) и Лига Европа (48), заедно со 55 новинари од групацијата Европската спортска медија (ЕСМ).
Победникот ќе биде откриен при ждрепката за групите за Лигата на шампионите во Монако во четврток на 30 август.
Зад водечката тројка, во топ 10 беа рангирани следните фудбалери: Антоан Гризман (Атлетико), Лионел Меси (Барселона), Килијан Мбапе (ПСЖ), Кевин де Бројне (Манчестер сити), Рафаел Варан (Реал Мадрид), Еден Азар (Челси) и Серхио Рамос (Реал Мадрид).
Во другите избори на УЕФА влегуваат:
Голман: Алисон Бекер, Џанлуиџи Буфон, Кејлор Навас.
Дефанзивец: Марсело, Серхио Рамос, Рафаел Варан.
Играч од средниот ред: Кевин де Бројне, Тони Крос, Лука Модриќ.
Напаѓач: Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Мохамед Салах
Најдобра фудбалерка: Перниле Хардер, Ада Хегерберг, Амандин Анри
Најдобар во Лига Европа: Диего Годин, Антоан Гризман, Димитри Паје.
? #UEFAawards shortlist is here! ?
?♂️Men’s Player of the Year ?♂️@lukamodric10 ?️@Cristiano ?️@MoSalah ?️
Who will win in Monaco on August 30? https://t.co/DeivvW4dOq pic.twitter.com/YhcjsePZSc
— UEFA (@UEFA) August 20, 2018