Американскиот фудбалер на Лил, Тимоти Веа признава дека е огромен навивач на Милан и дека размислувал својата фудбалска иднина да ја продолжи со „росонереите“.
Веа е татко на легендарниот либерски фубалер, Џорџ Веа, кој играше за Милан од 1995 до 2000, освојувајќи две скудета и станувајќи единствениот африкански фудбалер кој ја освоил „Златната топка“ и наградата на ФИФА за најдобар фудбалер. Додека неговиот татко сега е претседател на оваа африканска земја, Тим Веа е роден во Њујорк и настапува за САД и признава дека Милан му е во срцето.
„Милан му даде се на мојот татко. Имаме фантастична врска со градот Милано. Во споредба со моите браќа и сестри, јас не бев роден кога мојот татко играше за Милан, но приказната за ‘росонерите’ е неверојатна и врската со клубот е вечна. Милан е во моето срце бидејќи клубот му даде се на мојот татко и моето семејство. Не сакам да зборувам за иднината и сега сум фокусиран на Лил и никој не знае што ќе се случи во иднина. Би сакал да ги следам стапките на мојот татко, но ќе видиме што ќе се случи“, вели Веа Јуниор.