Top Sport

Јапонците вратија дома четворица кошаркари, се „дружеле“ со проститутки

Скандал ја тресе кошаркарската репрезентација на Јапонија која се натпреварува на Игрите на Азија во Индонезија.

Јапонскиот селектор решил да ги отстрани од тимот четворицата кошаркари што предизвикале секс скандал.

Играчите, облечени во репрезентативните униформи, биле излезени на вечера во Џакарта, а потоа побарале малку забава и во хотелот се вратиле со проститутки.

„Ова е голем срам. Сакам да испратам длабоко извинување до јапонскиот народ. Имаме намера да биде максимално остри кон нашите спортисти. Кошаркарите прашале каде можат да запознаат девојки, а потоа со проститутките се вратиле во хотелот“, рекол шефот на јапонската делегација Јасимур Јамашита.

Scroll to Top