Фудбалскиот клуб Лајпциг нема да му го продаде на Реал Мадрид, германскиот репрезентативец Тимо Вернер. Вернер има да одработи уште две години од договорот со Лајпциг, а клубот ќе се обиде да ја продолжи соработката со него.
Вернер за Лајпциг има одиграни 63 натпревари во Бундес лигата и успеал да постигне 34 гола.
„Тимо беше јасен кога кажа дека сака да остане во Лајпциг. Потенцираше дека сака да биде ука и наредната година и да работи со новиот тренер Јулијан Негелсман“, рекол спортскиот директор Ралф Рангник.
Не е познато колкава сума на пари понудил Реал за германскиот репрезентативец.
Претходно Реал се обиде да го донесе напаѓачот на Валенсија, Родриго. Реал понудил 70 милиони евра, а од „Местаља“ порачаа дека напаѓачот може да замине само доколку некој ја активира откупната клаузула од 120 милиони евра.