Top Sport

Младиот фудбалер на Ајакс, Нури излезе од кома!

Братот на поранешната ѕвезда на Ајакс, Абелхак Нури откри дека неговиот 21-годишен брат на 5 август излегол од кома по колапсот на терен во јули 2017 година.

Играчот од средниот ред, кој беше дел од славната академија на клубот од Амстердам доби срцев напад на пријателски меч со Вердер Бремен, по што доби постојано оштетување на мозокот, а лекарите мораа да го постават во медицински индуцирана кома.

Сега, неговиот брат, Абдерахим Нури вели дека има прогрес во неговата состојба, која уште е „многу тешка“.

„Неговата невролошка ситуација е подобра од пред неколку месеци. Физички е многу потешко, бидејќи тој не се движи и поголемиот дел од времето го поминува во кревет. Само главата му е подвижна. Неговиот имун систем е ослабен и не сакам да одам во детали, но беше многу тешко“, вели Абдерахим Нури.

Позитивно е што Нури сега почнал да биде свесен за луѓето околу него и почнал да комуницира.

„На почетокот беше многу тешко, бидејќи не можевме да зборуваме со него додека беше во кома. Сега има начин за комуникација и тој одговара на прашањата“, додава братот на Нури.


Scroll to Top