Капитенот на Барселона, Лионел Меси ќе ги предводи 20-те капитени на клубовите од Ла лига кои се противат на планот натпревари од шпанското првенство да се играат во САД.
Аргентинската мегаѕвезда ќе биде присутен на состанокот во седиштето на асоцијацијата на фудбалери (АФЕ) во Шпанија во среда, каде што се очекува дека ќе се потврди негативниот став кон предложените мечеви во САД по спонзорскиот договор на 15 години, кој веќе го изрази претседателот на АФЕ, Давид Аганзо.
Капитените се лутат што претседателот на Ла лига, Хавиер Тебас не само што не ги информирал фудбалерите, туку ни првите луѓе од Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ). Според „АС“, асоцијацијата на фудбалери ќе подготви текст со потпис на 20-те капитени и ќе се бори на суд ако е потребно.
Фудбалерите исто така се незадоволни од доцниот старт на петочните и понеделничките натпревари во Ла лига, кои завршуваат по полноќ, како што беше случајот на мечот помеѓу Реал Мадрид и Хетафе.
Ла лига со натпревар во САД, но „Ел класико“ останува во Шпанија!