Top Sport

Евра: Меси да работеше како Роналдо ќе имаше 15 „Златни топки“

Во вечната дебата за тоа кој е најдобриот на сите времиња се јави и поранешниот дефанзивец на Манчестер јунајтед и Јувентус, Патрис Евра, кој повторно го избра Кристијано Роналдо пред Лионел Меси поради работната етика на Португалецот. Евра оди дотаму што вели дека ако Меси работел како Роналдо во својата кариера веќе ќе имал 15 „Балон д’ор“.

„Сакам да објаснам зошто секогаш го бирам Роналдо. Не само бидејќи е наш брат од Манчестер јунајтед, туку бидејќи сум заљубен во неговата работна етика. Мислам дека на Меси, Господ му дал талент, а Роналдо требаше д аработи за да стигне до врвот. И тој имаше талент, но работеше повеќе. Да ја имаше истата работна етика како Роналдо, Меси ќе имаше 15 ‘Златни топки’. Јас ги сакм тие кои работат напорно и секогаш ќе го бирам Роналдо пред Меси“, оценува Евра.

Scroll to Top