Француската фудбалска федерација (ФФФ) и врачи отказ на селекторката Корин Диакр по револтот на нејзините фудбалерки, на само четири месеци пред Светското првенство.
Капитенката Венди Ренар на 24 февруари објави дека нема да игра на Мундијалот бидејќи „системот не е доволно високо ниво“. По ова, истиот ден се повлекоа и фудбалерките на ПСЖ, Мари-Антоанет Ктото и Кадидјату Дијани. Пред неколку дена Дијани изјави дека главната причина е селекторката Диакр и нејзините методи на работа.
Ова не е првпат Диакр да има конфликт со своите фудбалерки од поставувањето на позицијата во 2017. Таа и ја одзеде капитенската лнта на Ренар таа година поради „нејзиниот квалитет“, а од 2020 година не ја повикуваше во репрезентацијата Амандин Анри, првата ѕвезда на Лион.