Роберт Левандовски вели дека е пресреќен во Барселона и покрај европскиот неуспех на клубот, гледајќи кон иднината и порачувајќи дека „тики-така“, тактиката која ја усоврши Пеп Гвардиола можеби веќе не функционира и мора да има еволуција во каталонскиот клуб.
„Во ДНК-та на Барса е секогаш да се бара добра игра, но фудбалот се менува. Фудбалот на Барселона од пред 10 години не функционира на ист начин сега. Можеби ниту ‘тики-така’ не би функционирала во модерниот фудбал“, вели Левандовски во интервју со магазинот на Барселона.
Полскиот голгетер признава дека Барса е во процес на адаптација и дека мора да се остане скромен.
„Во фудбалот не е лесно да се сменат работите за една недела или еден месец. Мора да се има трпение, работите се на вистински пат. Мораме да веруваме дека сите работи се посебни, и затоа одиме до крај. Со младите фудбалери, иднината на Барселона е сигурна, и треба да се најде баланс помеѓу ветераните и јуниорите“, вели 34-годишниот Левандовски.