Top Sport

Во чест на Флешинг Медоуз, прв тениски меч во вселената

Астронаутот на НАСА, Дру Фojстел е подготвен за големиот предизвик – да го одигра првиот тениски меч на Интернационалната вселенска станица (ИСС) заедно со уште двајца колеги од НАСА, Рики Арнолд и Серена Ауњон-Ченселор и Александер Герст од Европската вселенска агенција (ЕСА).

Ова ќе биде прв тениски меч во вселената, и ќе се поклопи со стартот на квалификациите на САД опен.

Американската тениска асоцијација (УСТА) прати рекети и топчиња на ИСС, но Фojстел вели дека најголем предизвик ќе биде однесувањето на топчето.

„Бидејќи немаме гравитација, топчињата нема да отскокнуваат и гравитацијата нема да има ефект. Ќе наликува на старата компјутерска игра ’Понг’, каде што го удираш топчето и тоа оди право. Ќе мораме да измислиме некои нови правила“, вели Фojстел.

Мечот ќе се одржи во 1:30 часот наутро во среда и ќе може да го следите на Фејсбук страницата на САД опен, и на Јутјуб во живо.

Scroll to Top