Тренерот на Рома, Жозе Мурињо ја загуби жалбата за суспензијата од два меча за конфликтот со четвртиот судија Марко Сера при 2:1 поразот од Кремонезе, што значи дека нема да може да биде на клупата против Сасуоло и во големото дерби против Лацио.
Сера и Мурињо влегоа во остра дискусија покрај аут-линијата и Мурињо инсистираше дека бил испровоциран од Сера за да добие казна за дербито со Јувентус, бидејќи Сера е од Торино. Суспензијата беше одлжена поради жалбата, така што тој беше на клупата против Јувентус минатиот викенд, кога Рома победи со 1:0.
Мурињо исто така доби казна од 10.000 евра, додека Сера ќе треба да одговара пред судиската дисциплинска комисија за „прекршување на етичките правила“.