Кристијано Роналдо очигледно убаво се навикна на животот во Торино, откако постави фотографија на целото негово семејство во дресот на неговиот нов клуб Јувентус.
Португалецот дебитираше во тешката 3:2 гостинска победа над Киево во текот на викендот, меч во кој не постигна гол, иако имаше две изгледни шанси.
Сега, пред големото дерби со Лацио во сабота, Роналдо, заедно со најголемиот син Кристијано Јуниор, близнаците Ева и Матео, и ќерката Алана Мартина, како и партнерката Георгина Родригез сакаше да покаже кој тим е сега нивни.
„Бјанконера фамилија“, напиша 33-годишниот Португалец. Очигледно, Реал Мадрид и Манчестер јунајтед се далеку во минатото.