Top Sport

Реал подготвил тужба и против Предраг Мијатовиќ

„Случајот Модриќ“ и понатаму предизвикува контраверзи во Реал и покрај тоа што хрватскиот репрезентативец остана на „Сантијаго Бернабеу“.

Шпанското радио „Кадена сер“, објави дека Реал подготвил тужба и против легендата на клубот Предраг Мијатовиќ, бидејќи тој заедно со менаџерот на фудбалерот, Владо Лемиќ, тајно се обидувал да го договори трансферот на Модриќ во Интер.

Истиот извор, тврди дека двоецот Лемиќ-Мијатовоиќ го нуделе Модриќ и на други европски клубови, а не само на Интер против кого Реал веќе поднел тужба.

„Кралскиот клуб“ го тужи Интер, бидејќи ги прекршил правилата на ФИФА. Интер преговарал со Модриќ без претходно да го извести клубот, на што е обврзан, бидејќи играчот е под договор.

Мијатовиќ кај Перез лобира за трансферот на Модриќ

Scroll to Top