УЕФА, сепак ќе ја воведе видео-технологијата (ВАР) од оваа сезона во Лигата на шампионите. Според информациите на „Тајмс“, УЕФА наскоро ќе донесе формална одлука за воведување на ВАР системот, а истиот ќе започне да се користи од четврт-финалето в Лигата на шампионите.
Позитивните искуства со употребата на ВАР системот на Светското првенство во Русија, ги натерало челниците на УЕФА да го сменат мислењето и да дозволат видео-технологијата да започне да се користи и на натпреварите во најквалитетното клупско фудбалско натпреварување.
„Тајмс“, тврди дека одлуката челниците на УЕФА ќе ја донесеат на 30.август во Монако, каде ќе биде одржана ждрепката за главната фаза во Лигата на шампионите, за сезоната 2018/2019.