Top Sport

Едерсон откри од невнимание: Анчелоти ќе биде нов селектор на Бразил

Голманот на Манчестер Сити и на бразилската репрезентација, Едерсон, откри дека Карло Анчелоти, актуелниот тренер на Реал Мадрид, ќе биде идниот селектор на „кариоките“. Тој при пристигнувањето во Бразил даде изјава за новинарите, во која можеби откри повеќе од тоа што требаше.

„Зборував со Касемиро, Винисиус и Милитао и од она што го дознав, има огромни шанси Карло Анчелоти да стане нов селектор на Бразил, Ми рекоа дека е неверојатен тренер и дека сите го обожуваат. Ќе видиме“, изјави Едерсон.

Бразил остана без селектор по Светското првенство во Катар, кога Тите замина од функцијата. До почетокот на следните квалификации, како привремен селектор на Бразил е назначен Рамон Менезес.

Scroll to Top