Николо Ѕаниоло во интервју за „Ла газета дело спорт“, проговори за неговиот трансфер од Рома во Галатасарај откако стана „непожелен“ во италијанскиот клуб.
23-годишниот Ѕаниоло помина пет сезони во италијанската престолнина, постигнувајќи го и победничкиот гол во финалето на Конференциската Лига во 2022, но по конфликтот со Жозе Мурињо беше јасно дека ќе замине од клубот. Тој прво ја одби понудата од Борнмут во јануарскиот преоден рок, за потоа да направи трансфер во Галатасарај. Ѕаниоло го сфаќа презирот кој навивачите на Рома го имата кон него.
„Рим ми даде се. Благодарен сум на Рома што со нив дебитирав во италијанската репрезентација, а исто така таму се роди мојот син. Тоа што сега сум предавник таму е голем удар за мене. Можам да зборувам со часови за неисполнетите веетувања. Ми кажаа дека сум важен играч за нив, но наместо тоа бев само капитал. Две години велеа дека имаме поддготвен договор. Во јануараи минатата година потпишав договор со помала плата бидејќи бев среќен во Рим и знаев дека има проблеми со финансискиот ферплеј. Но, по многу зборување ми стана здодевно. Ако јас треба да се осврнам на моето заминувае, тоа треба да го направат и другите“, објаснува Ѕаниоло.
Тој исто така зборуваше и за одбивањето да потпише со Борнмут во јануари.
„Не беа заинтересирани само Борнмут и Галатасарај, но јас бев исфрлен од тимот бидејќи не ја прифатив понудата на англискиот клуб и фановите се свртеа против мене. Некои ме бркаа со автомобил, доаѓаа пред мојот дом. Моето семејство беше исплашено бидејќи се чувствувавме сами, напуштени од клубот. Го исклучив и телефонот поради погрдните пораки кои ги добивав. Бев разочаран од реакциите на речиси сите. Нема да именувам никого, но дел од нив велеа дека сме браќа, а потоа не ми зборуваа“, додава Ѕаниоло.