Русија стигна до лесна 2:0 победа над Ирак на „Газпром арената“ во Санкт Петерсбург во првиот интернационален меч на домашен терен од ноември 2021 по суспензијата која ја добија од УЕФА и ФИФА поради војната во Украина.
Антон Миранчук ги донесе Русите во водство на стартот на второто полувреме откако голманот Џалал Хасан го одбрани ударот на Александер Собољев. Сергеј Пинаев потоа стана најмладиот стрелец во историјата на „зборнаја“ на 18 години, 4 месеци и 24 дена, откако крилото на Локомотив Москва постигна одличен гол.
Русите одиграа само четири меча по инвазијата на Украина, победувајќи ги Киргизстан на гости во септември со 2:1, по што одиграа нерешено со Таџикистан, Узбекистан и Иран.