Голманот на Манчестер јунајтед, Давид де Хеа ја одбил првата понуда од клубот за продолжување на договорот, незадоволен од финансиската понуда на „ѓаволите“, тврди „Атлетик“.
32-годишниот Шпанец е најплатениот голман на светот и еден од најплатените играчи во Премиерлигата со неделна плата од 375.000 фунти, но неговиот долгогодишен договор завршува во јуни. Според „Атлетик“, Де Хеа е сигурен дека ќе може да се дојде до договор со Јунајтед и е свесен дека мора да се согласи на помала плата, иако сумата која му била понудена не ја смета за „вистинска“ во однос на тоа што го дава на теренот.
И покрај тоа што имаше лош старт на сезоната под новиот менаџер Ерик Тен Хаг во 4:0 поразот од Брентфорд, тој остана стандарден првотимец и во повеќе ситуации ги спаси Јунајтед од лоши резултати. Тен Хаг бил импресиониран од неговата форма и сака тој да остане на „Олд Трафорд“.