Најдобриот стрелец на Црвенз звезда, Немања Радоњиќ, наскоро ќе се пресели во Олимпик од Марсеј. Споретскиот печат во Србија и Франција последните десет дена интензивно го најавуваше овој трансфер.
Дека Радоњиќ е нов играч на Олимпик Марсеј, потврди и претседателот на клубот Жак Анри-Еро, без да открива повеќе детали.
Според шпекулациите целиот трансфер изнесува 12 милиони евра, плус два милиони евра низ разни бонуси. Бидејќи Црвена звезда не ги поседува во целост правата врз Радоњиќ, од трансферот српскиот шампион ќе инкасира седум милиони евра.
Првиот човек на Олимпик, информирал дека покрај Радоњиќ, во клубот ќе простигне и хрватскиот репрезентативец Дује Ќалета-Цар и дека до крајот на преодниот рок се очекува засилување и во редот за врска.
Радоњиќ во својот нов клуб ќе се пресели за една недела, по реванш натпреварот со Салцбург, во плеј-офот за пласман во Лигата на шампионите.