Контроверзниот поранешен директор на трки во Формула 1, Мајкл Маси овој викенд ќе биде присутен на Ф1 викендот во Мелбурн за Австралиското ГП, првпат од последната трка во 2021, Абу Даби, каде што се случи една од најголемите контроверзи во последните неколку децении во спортот.
Маси во финишот на трката во Абу Даби во 2021 ги прекрши правилата на ФИА, откако дозволи болидите кои беа меѓу Луис Хамилтон и Макс Ферстапен зад безбедносното возило во финишот на трката, да го претекнат Хамилтон и да има еден круг тркање. Во овој круг, Ферстапен го помина Хамилтон на посвежи губи и ја освои својата прва Ф1 титула. Мерцедес го обвинија Маси дека ја „наместил“ трката, а ФИА го смени од позицијата со објаснување дека имало „човечка грешка“.
Маси се врати во својата родна Австралија, каде што стана претседател на Суперкарс серијата, и ќе биде присутен во Мелбурн бидејќи Суперкарс ќе бидат придружна серија на Ф1 на Австралиското ГП.
Луис Хамилтон, кој сметаше дека е оштетен од одлуката на Маси, вели дека нема да го побара Австралиецот.
„Фокусиран сум на иднината. На тоа да се вратим на победи. Нема што друго да се каже“, изјави Хамилтон.