Top Sport

Тухел добил отказ од Челси по состанок од пет минути!

Новиот тренер на Баерн Минхен, Томас Тухел признава дека бил изненаден што добил отказ од Челси, откривајќи дека состанокот по кој бил разрешен траел само пет минути.

Иако им донесе титула од Лигата на шампиони во 2021, германскиот тренер беше „шутнат“ од Челси во септември 2022 по спориот старт на сезоната, заминувајќи си по 100 одиграни мечеви.

„Тоа беше шок. Состанокот беше во осум часот наутро и траеше 3-5 минути. Сите мислевме дека сме на вистински пат и дека ќе имаме време да изгадиме нешто. Но, сега имам нов предизвик. Имам добри односи со луѓето во Челси и имам многу пријатели таму и тоа нема да се смени“, вели Тухел.

Колку што беше изненадувачки тој отказ, уште поизненадувачки беше отказот за Јулијан Нагелсман од Баерн и назначувањето на Тухел. За Тухел, ова е совршена позиција, посебно бидејќи потекнува од Баварија.

„Моето семејство живее во близина. Поминував покрај ‘Алијанц арената’ со години кога работев во Аугзбург. Затоа сега се чувствувам добро и уживам во секој ден. Да се работи блиску до родниот град во сопствената држава е посебно“, вели Тухел.

Scroll to Top