Top Sport

Таљафико по свирежите за Меси: Фудбалот е тимски спорт

Николас Таљафико застана во одбрана на својот аргентински сонародник Лионел Меси, откако навивачит на Пари Сен-Жермен го исвиркаа при 0:1 поразот од Лион.

Таљафико, кој е играч на Лион, смета дека навивачите треба да знаат дека фудбалот е тимски спорт, откако многубројните шпекулации велат дека непријателската атмосфера го „турка“ Меси кон одбивање на новиот договор со ПСЖ.

„Фудбалот е тимски спорт, не се работи за само еден човек на теренот. Нормално е навивачит на било кој клуб да бараат резултати, но издвојувањето на жртвено јагне никогаш не донеело добри работи“, вели Таљафико.

Scroll to Top