Газдата на Нотингем форест, Евангелос Маринакис вели дека менаџерот Стив Купер нема да стане 13-тиот тренер кој бил сменет во Премиерлигата оваа сезона и покрај серијата од осум меча без победа, но предупреди дека резултатите мора „итно“ да се подобрат.
По вчерашниот 2:1 пораз од Лидс, тие се на 17. место на табелата, ист број на поени како тие зад нив, но со подобра гол-разлика. Маринакис, преку објава на официјалниот веб-сајт, потврди дека нема да има смена.
„Сакаме да ставиме крај на шпекулациите и лажните вести во медиумите и да потврдиме дека Стив Купер останува наш менаџер во Нотингем форест. Сите сме разочарани од неодамнешните резултати и јасно е дека мора да се сменат многу бргу“, вели Маринакис.
Велшанецот Купер потпиша нов договор со клубот во октомври, откако ги врати во Премиерлигата по речиси две децении.