Top Sport

Енрике демантира дека бил во Лондон: Одете на Форментера, тоа е рајски остров

Луис Енрике тврди дека не бил во Лондон на преговори да стане нов менаџер на Челси како што јавија медиумите, објаснувајќи дека бил на островот Форментера (дел од Балеарските Острови), каде што времето е прекрасно.

Новинарите на „Хихантес“ го „начекаа“ 52-годишниот Шпанец со неговиот син Пачо и со поранешниот шпански фудбалер Иван де ла Пења, и одговорот беше интересен.

„Ако ми направите хака, тогаш ќе ви одговорам. Доаѓам од Форментера! Прекрасен, рајски остров“, вели саркастично поранешниот шпански селектор.

Scroll to Top