Барселона е подготвена да прими понуди за тројца свои напаѓачи, Рафиња, Феран Торес и Ансу Фати во текот на летниот преоден рок, тврди каталонскиот „Спорт“, во обид да се стабилизира финансиската состојба и да можат да си приуштат засилувања.
Преговорите со агентите на Фати траат подолго време, а за младиот шпански репрезентативец се заинтересирани повеќе европски клубови, во прв план Манчестер јунајтед. Рафиња исто така има понуди од Премиерлигата, посебно од Челси, кои сакаа да го добијат и минатото лето кога тој замина од Лидс јунајтед. За Торес, пак, се заинтересирани Атлетико Мадрид и Интер, и клубот е свесен дека нема да може да ја врати сумата од 55 милиони евра која ја платија на Манчестер сити.
Оваа продажба би можела да помогне да се осигура враќањето на Лионел Маси од Пари Сен-Жермен по крајот на неговиот договор со францускиот клуб, како и позајмица за Жоао Кансело, откако Баерн Минхен потврдија дека нема да ја искористат опцијата да го купат од Манчестер сити за 70 милиони евра.