Ливерпул се подготвени за „ремонт“ на тимот во летниот преоден рок, а една од опциите за средината на теренот е Николо Барела од Интер, тврди „Калчомеркато“.
Барела е еден од најдобрите „техничари“ во Серија А, но во Интер се разочарани од неговото однесување и би можеле да се решат да „кешираат“ на негов трансфер, барајќи околу 50 милиони евра за негов трансфер.
Претхдно, менаџерот Јирген Клоп потврди дека ова лето ќе се работи на „обнова“ на тимот по разочарувачките резултати оваа сезона по кревањето на очекувањата од навивачите.