Јувентус ја забележа втората победа во новата сезона, во Серија А. Во првиот меч од втората рунда, вечерва, Јувентус го победи Лацио со 2:0 (1:0).
Кристијано Роналдо и на овој меч не постигна гол, иако имаше неколку добри шанси, а „старата дама“ до победата дојде со головите на Миралем Пјаниќ и Марио Манџукиќ.
Пјаниќ постигна прекрасен гол по 30.минути игра. Резултатот 1:0 беше активен до 75.минута, кога Роналдо најпрвин промаши зицер, а на вистинското место беше Манџукиќ.