Жозе Мурињо уште еднаш отфрли шанса дека ќе биде емотивен во дуелот со својот поранешен клуб Челси во недела, велејќи дека е фокусиран да му помогне на својот тим да освои три поени на „Стемфорд Бриџ“.
Пред шестиот дуел со Челси како противнички тренер, Мурињо се надева дека со победа Манчестер јунајтед ќе можат да бидат седум поени пред актуелните шампиони пред интернационалната пауза. Јунајтед имаат само една победа во последните 15 гостински мечеви со Челси.
„Ова е голем меч, меч меѓу два врвни тимови во една земја. Голем меч бидејќи тие се шампиони. Но, од емоционална гледна точка, ова е само еден натпревар. Тоа е нормално. Еден ден си во еден клуб, следниот во друг. За четири-пет години никој нема да се сеќава дека јас сум бил тренер на Челси“, вели Мурињо.
Лани, Јунајтед загубија со 4:0 на „Стемфорд Бриџ“, но Мурињо се потсети на времето кога со Интер оствари две победи во ЛШ против Челси пред седум години.
„Играв таму со Интер и двапати со Јунајтед. Но, на крајот сакам да победам како со Интер“, додава Мурињо.