Top Sport

За разлика од Ливерпул, на Манчестер сити не им се проблем 150 милиони евра за Белингем

Манчестер сити се главни фворити да го добијат фудбалерот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Џуд Белингем, откако ривалите од Ливерпул се повлекоа поради превисоката цена, тврди „ЕСПН“.

„Црвените“ не се сомневаат во квалитетот на Белингем, но сметаат дека сумата од 150 милиони евра кои ги бара германскиот клуб е премногу за еден фудбалер посебно бидејќи им треба освежување на тимот на повеќе позиции. Од друга страна, Манчестер сити немаат такви дилеми околу 19-годишниот англиски репрезентативец, а ниту сумата не им претставува проблем.

Белингем веќе неколку години се смета за големата надеж на англискиот фудбал, а бидејќи е толку млад може да предводи било кој тим долго време. За него постоеше интерес и од Манчестер јунајтед, каде што тој беше на преговори додека беше фудбалер на Бирмингем сити, но тој и неговото семејство решија дека Бундеслигата е подобра опција.

Scroll to Top