Атлетико Мадрид ја забележа првата победа во сезоната. Во второто коло, Атлетико потешко од очекувањата, во малото мадридско дерби го победи Рајо Ваљекано со 1:0.
Екипата на Чоло Симеоне одигра просечен меч, а мачењето на „Ванда Метрополитано“ го прекина Антоан Гризман во 63.минута. Францускиот репрезентативец добро реагираше по корнерот на Коке и повратната топа од Стефан Савиќ.
Играчите на Рајо одигра одличен меч, во последните 20 минути целосно ја презеде играта, создадоа неколку опасни шанси, а најсериозната ја имаше Медан во 89.минута, кога Јан Облак брилијантно одбрани.