Американскиот медиум специјализиран за финансии, „Блумберг“, тврди дека газдата на Лидс јунајтед, Андреа Радрицани планира да го продаде премиерлигашот и да го купи Интер од кинеското семејство Жанг.
Италијанскиот бизнисмен е основач на „Елевен спортс“ медиумската група, со која е на бордот на „ДАЗН“. Тој е роден во близината на Милано, но е познат како голем навивач на Јувентус. Во 2017 година го купи Лидс од Масимо Челино и успеа да ги врати по подолга пауза во Премиерлигата.
Според „Блумберг“, Радрицани веќе има најдено купувач за Лидс во сопствениците на НФЛ тимот, Сан Франциско 49ерс и со тие средства ќе ги купи Интер од „Сунинг“. Интер имаат проценета вредност од 1 милијарда евра, а за нив беа заинтересирани и бизнис-групацијата од Бахреин, „Инвесткорп“.
Од друга страна, „Сунинг“ има финансиски проблеми, откако земаа 275 милиони евра позајмица од „Оуктри капитал“, која треба да ја вратат до мај 2024 година.