Хрватскитот играч од средниот ред на Барселона, Иван Ракитиќ вели дека нема шанси да си замине од „Ноу Камп“ и покрај шпекулациите дека Пари Сен-Жермен се подготвува да го откуши неговиот договор.
30-годишниот Хрват признава дека разговарал за можниот трансфер со неговата сопруга и семејството, како и со својот агент, по што одлучил дека Каталонија е вистинското место за него.
„Последните денови за мене беа да се разгледаат опциите, и за мене вистинска привилегија е да се носи овој дрес и се надевам дека ќе останам долго време тука. Да се игра во најдобриот клуб на светот е нешто најважно. Зборував со мојата сопруга, со семејството и со агентот и оценивме дека нема друг клуб кој може да ми го понуди тоа што ми го нуди Барселона. Сега, најважно е да се подготвувам за следниот натпревар“, изјави Рактиќ по 1:0 победата над Реал Валјадолид.
Претходно, тренерот на Барса, Ернесто Валверде инсистираше дека Ракитиќ нема да замине бидејќи е „фундаментален“ фудбалер за Барса и Ракитиќ признава дека тоа му ласка.
„Благодарам на тренерот за убавите зборови и на фановите за поддршката. Имаше заинтересирани клубови, но одлуката беше лесна“, вели Ракитиќ.