Навивачите на поранешниот премиерлигаш Чарлтон атлетик, решија со фрлање на пакетчиња чипс во мечот против Флитвуд да протестираат против сопственикот Ролан Душателе и неговите политики.
Навивачите се лути по најавените мерки за штедење на Душателе, откако тој им ги скрати бонусите на сите вработени во клубот, на кои исто така им забрани да јадат ручек на своето работно место за да се заштеди на чистење на просториите на клубот. Токму ова е причината за фрлањето на чипсот.
Ова не е првпат навивачите на Чарлтон да протестираат против белгискиот бизнисмен во неговите четири и пол години на чело на клубот од Лондон, откако во 2016 година фрлаа пластични прасиња на теренот.
Мечот на крајот заврши без голови, а на Чарлтон не му оди најдобро ниту во третата лига, каде што се на 14. место на табелата.
The game is halted here at The Valley after 20 seconds as hundreds of bags of crisps have been thrown on the pitch as #cafc fans protest against owner Roland Duchatelet pic.twitter.com/QMxgXKXMO9
— Louis Mendez (@LouisMend) August 25, 2018
Crisps are on the pitch in a protest at the owner Charlton Athletic #card #cafc #protest #efl #walkerscrisps @GaryLineker pic.twitter.com/XFDnfNp96N
— Martin Carey (@MC_Comms) August 25, 2018