Top Sport

Руска ММА вечер – Ибрагимов со титула, Медведев со супер-нокаут (видео)

Саботата навечер во Санкт Петербург беше резервирана за „М1-Челенџ 96“, едно од најголемите ММА шоуа во Русија, и фајтеритe не разочараа.

23-годишниот Хадис Ибрагимов стана шампион во средно-тешка категорија, откако во две рунди го „уништи“ Украинецот Димитри Микуца, покажувајќи зошто само 15 месеци по своето ММА деби во Русија станува една од најголемите ѕвезди на спортот.


Во еден од главните мечеви, Русинот Виктор Колесник успеа да го победи Американецот Даниел Свејн уште во првата рунда, откако, во ретко виден меч во рингот, само со удари со нога додека неговиот противник беше на подот. Се верува дека Колесник наскоро ќе се најде во рингот со М-1 шампионот, Нејт „Д трејн“ Ландвер.

Најимпресивниот нокаут пак, го имаше рускиот новак Борис Медведев против Украинецот Дмитри Тихоњук во велтер категорија, кога Русинот до третата професионална ММА победа стигна со импресивен нокаут со левицата.

Scroll to Top