Челси имале прв состанок со Јулијан Нагелсман во потрагата за нов постојан менаџер пред новата сезона, објавува „Тајмс“. „Сините“ се во потрага за нов менаџер по отказот кој го доби Греем Потер, а во меѓувреме легендата на клубот, Френк Лампард е на позицијата на привремен менаџер.
Според „Тајмс“, директорите на клубот, Пол Винстенли и Лоренс Стјуарт се сретнале со германскиот тренер во четвртокот, откако претходно имале состанок во Лондон и со Луис Енрике, кој бил подготвен веднаш да го преземе клубот.
Нагелсман доби отказ од Баерн Минхен и беше заменет од поранешниот тренер на Челси, Томас Тухел две недели пред Челси да го отпуштат Потер. 35-годишниот Германец е сметан за еден од најталентираните млади фудбалски тренери во Европа, но во Челси има конкуренција во Енрике, Маурисио Почетино, Лучано Спалети и Рубен Аморим.